Ла Лига почнува петиција – ќе се игра ли во Мајами!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ла Лига почна петиција во која од навивачите во САД ќе побараат поддршка за одигрување на натпреварот помеѓу Жирона и Барселона во Мајами.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се спротистави на таа идеја, како и Фудбалската федерација на Шпанија и Унијата на шпански фудбалери, а за да се случи тоа ќе мора сите тела да се согласат.

Од друга страна, екипите се согласија нивниот натпревар да се одигра во Америка.

„Замислете да ги гледате Луис Суарез, Филипе Кутињо… Вистински натпревар во кој ќе се натпреваруваат за бодови. Постои само еден проблем. Некои од тие кои решаваат лажно велат дека не треба да се игра во САД. Па, така навивачи, мора да се бориме за тој натпревар. Колку повеќе поддршка имаме, толку потешко ќе се соочат со нас“, пишува во петицијата.

Ла Лига неодамна се согласи да игра еден натпревар по сезона во наредните 15 години во САД.