ЛеБрон: Не погодувавме удари на крајот, а тие успеаа во тоа!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кошаркарите на Кливленд беа поразени и во 3-от натпревар од плеј-оф серијата во финалето на НБА лигата.

Сега нивните шанси за одбрана на титулата се многу мали, а нивниот најдобар кошаркар ЛеБрон Џејмс даде изјава.

„Тие погодија некои удари во последните 3 минути, а ние не успеавме во тоа. Јас и Корвер имавме добри ситуации, но не погодивме. Од друга страна, тие ги искористија своите шанси, а ние испуштивме убаво водство.“