Леброн не се враќа против Јута: „Кралот“ ќе паузира уште долг период!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс уште нема оздравено од повредата, која ја заработи пред речиси три недели и од тогаш пропушти осум натпревар.

Леброн последниот меч го одигра за Божиќ, а тогаш на мечот против Голден Стејт Вориорс се повреди и пропушти осум натпревари на својата екипа.

Лејкерс од тогаш паднаа на табелата на Западната конференција, зашто запишаа три победи и пет порази, па сега се на осмата позиција.

Натпреварот во гости против Јута требаше да биде денот кога ќе се врати „кралот“, но такво нешто нема да се случи, барем колку што може да се сфати по зборовите на тренерот Лук Волтон. Најверојатно Леброн ќе се врати наредниот месец.

Да потсетиме, Леброн сезона постигнуваше по 27,3 поени, 8,3 скокови и 7,1 асистенција по натпревар за Лејкерс.