Левандовски ќе остане во Баерн Минехн

Од Баерн Минхен одговори на шпекулациите кои го поврзуваа Роберт Левандовски со летен трансфер.

Од баварскиот клуб инсистираат дека полскиот интернационалец сака да остане на „Алијанц Арена“ и преку соопштение се обратија до фудбалската јавност.

„Договорот кој Левандовски го потпиша неодамна истекува во 2021 година. Левандовски не сака да го напушти Баерн. Немаме одржано разговори со други клубови и воопшто нема да има разговори.

Доколку другите клубови преговараат со играчи кои имаат долгогодишен договор тие ризикуваат казна од ФИФА.“- се вели во соопштението на Баерн Минхен.