Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Управата на Леванте утрово испрати официјална жалба до Фудбалскиот сојуз на Шпанија поради настапот на Хуан Брандариз во првиот меч, иако тој немаше право за настап.
Леванте тој натпревар го доби со 2-1, но синоќа на „Камп ноу“ беа поразени со 0-3 и Барселона се пласираше во четвртфинале на купот.
Меѓутоа, пред вчерашната средба „Мундо Депортиво“ објави дека Хуан немал право за настап поради тоа што бил суспендиран на меч на Б-тимот на Барселона.
Сепак, тимот од предградието на Валенсија реши да испрати официјална жалба до Фудбалскиот сојуз и да побара Барселона да ги суспендира.
„Леванте утрово ја предаде желбата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија поради настапот на фудбалерот во првиот меч на шпанскиот куп“, соопштија од Леванте.
Сега се чека одлуката на Дисциплинската комисија на чело со судијата Кармен Перез, а сигурно навивачите на Барселона со нетрпение чекаат да видат што ќе се случи.
El #LevanteUD ha presentado esta mañana la denuncia en la @rfef por la alineación indebida de un jugador del @FCBarcelona_es en el partido de ida de los octavos de final de la #CopaDelRey
— Levante UD ? (@LevanteUD) January 18, 2019