Лев и Сане дадоа коментар за изоставувањето на младиот играч од списокот на Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортската јавност вчера остана зачудена со потегот на Јоаким Лев кој се одлучи да не го повика Лерој Сане во репрезентацијата на Германија за претстојниот Мундијал во Русија.

Наместо Сане, во Русија ќе патуваат Дракслер, Брандт и Ројс, а тоа наиде на негативни коментари кај повеќето вљубеници во фудбалот.

„До последен момент се двоумев меѓу Лерој и Бранд, а на крај сепак се одлучив за Брандт. Дракслер, Ројс и Милер не беа под знак прашалник во моите комбинации. Лерој е неверојатен талент и е уште млад. На него сметам веќе од септември.

Со порака излезе и фудбалерот на Манчестер Сити кој се заблагодари на сите кои му дале поддршка.

„Им благодарам на сите на пораките за поддршка во текот на вчерашниот и денешниот ден. Јасно е дека сум разочаран што  нема да учествувам на Светското првенство, но мора да ја прифатам таа одлука и да дадам се од себе и да од оваа ситуација да излезам посилен. И испраќам голема поддршка на Германија во Русија. Вратете се со титула“ –напиша Сане на Твитер.