Легендарен напаѓач на Интер стана тренер на аргентински прволигаш!

Поранешниот аргентински фудбалер, Ернан Креспо, го доби својот втор тренерски ангажман, откако стана нов стратег на Банфилд.

Поранешниот напаѓач на клупата на Банфилд го смени Жулио Цезар Фалкони, а ова ќе му биде прв тренерски ангажман по три сезони.

Креспо во 2015/16 година ја предводеше Модена, но не остана предолго на нивната клупа.

Да потсетиме, Креспо во кариерата има настапувано за Ривер плејт, Парма, Лацио, Интер, Челси, Милан и Џенова, а минатата година беше и потпретседател на Парма.