Легендарниот Бразилец има интересен предлог за Нејмар!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поранешниот ас на Милан и мадридски Реал Рикардо Кака, знае што е потребно за Нејмар да направи со цел да стане најдобар на светот.

Кака има совет за фудбалерот на Барселона кој по негово мислење може да му помогне да стане најдобар фудбалер на светот.

Имено, тој верува дека Нејмар мора да го промени своето име, доколку сака да биде неприкосновен во својата работа.

„Кога погледнете се што направи во Барселона, Нејмар лесно мпже да биде следен во редот за титула најдобар играч на светот. Но мислам дека ако своето име го промени во Рејмар, дека ќе има уште поголеми шанси. Имињата на сите успешни Бразилци почнува со буквата „Р“, изјави Кака.

Кога малку подобро ќе погледнеме, не е далеку од вистината тоа што Кака го вели. Ќе земеме во предвид дека и тој се вика Рикардо, па кога на него ќе додадеме некои од најдобрите фудбалери кои се по потекло од земјата на „фудбалот, кафето и самбата“ како Роналдо, Роналдињо, Ромарио и Ривалдо, јасно е дека буквата Р некако е талична за фудбалерите од Бразил.

Нејмар секако важи за некој кој во блиску време може да стане најдобар во својата работ,а дали ќе го послуша својот сонародник Кака, времето ќе покаже.