Легендарниот Пирес го има адутот: Ова е идеалната замена за Ремзи, а има и причина да го одбере Арсенал…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кој би можел да го замени Арон Ремзи во Арсенал следната сезона?

Унаи Емери имаше серија добри, но и серија лоши резултати оваа сезона. Се очекуваше Арсенал да заигра подобро по заминувањето на Арсен Венгер, но не може баш да се каже дека такво нешто следиме во текот на целата сезона.

Сепак, ова е само прва сезона за Шпанецот на клупата на Арсенал, а од следната би можела приказната да биде поинаква.

Дали постојат играчи кои би можеле да го дополнат неговиот систем за следната сезона?

Еден од оние кои би можеле да пристигнат во Арсенал е и Адриен Рабио, тој е предлог до управата од Роберт Пирес, легендата на овој клуб.

На Рабио договорот му истекува на крајот на оваа сезона, токму како и на Ремзи, а имајќи ги предвид начинот на игра и позицијата, можеби овој француски репрезентативец би бил природна замена за Ремзи.

„Емери веќе работеше со него во ПСЖ, се надевам дека тоа ќе го повлече Рабио кон Арсенал. Мислам дека тој е вистинскиот чивек да ја пополни дупката од заминувањето на Ремзи“, истакна Пирес.