Легендарниот Холанѓанец предмет на уцена – Во центар на скандал поради наместени натпревари?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вест на денот во Холандија!

Легендарниот холандски фудбалер и сегашен спортски директор на Пари Сен Жермен Патрик Клајверт се наоѓа во центарот на вниманието поради скандал за наместени мечеви поради уцена од страна на една „сомнителна“ група.

Како што ексклузивно пренесува холандскиот весник „Волкскрант“, Клајверт беше уценуван од страна на една мафијашка група во текот на периодот кога го тренираше Твенте во 2011 и 2012 година.

Наводно, Клајверт е осомничен дека поради милионски долг бил уценуван од страна на мистериозна група која низ голем паричен влог на натпревар на Твенте го стави Холанѓанецот во сериозни проблеми.

Легендарниот фудбалер сеуште не се огласи по повод ова, а неговиот адвокат само кратко искоментира дека „неговиот клиент не е вклучен во никакви криминални работи и местење на фудбалски мечеви и дека е само жртва во овој случај“.

Ова сосема сигурно ќе биде една од темите во наредните денови, а ќе видиме дали ќе се појават сериозни докази против големиот Патрик Клајверт, кој подоцна беше и помошник на Луј Ван Гал на клупата на националниот тим.