Легендата се враќа на „Стемфорд бриџ“: Лампард ќе игра против Челси во Карабао купот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дерби Каунти направи големо изненадување, откако го исфрли Манчестер јунајтед од Карабао купот по изведување на пенали.

Екипата на Френк Лампард ќе има тешка задача и во следното коло, каде што се сретнува со Челси и ќе се пресмета на „Стемфорд бриџ“.

Лампард во минатото играше за Челси, односно запиша 649 настапи, а покрај овој дуел, на 29. октомври се играат уште неколку интересни средби:

Вест хем – Тотнем
Миделзбро – Кристал Палас
Манчестер сити – Фулам
Арсенал – Блекпул
Лестер – Евертон/Саутемптон
Бурнмут – Норвич
Бартон – Нотингем форест