Легенда на Ливерпул добила жесток ќотек во центарот на Лидс


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Гери Мекалистер, кој сега работи како помошник на Стивер Џерард на клупата на Глазгов Ренџерс е повреден, откако еден напаѓач го претепал во Лидс минатиот викенд.

Инцидентот се случил во центарот на градот, додека Шкотот со сопругата чекал такси. На него во тој момент тргнала непозната личност, а Меклаистер паднал на земја, откако добил силен удар во главата.

Сопругата на поранешниот фудбалер се обидела да го заштити својот маж, поради што си го повредила зглобот на раката. Мекалистер потоа бил однесен во болница, каде што со 10 конци му била зашиена горната уста.

Гери во период од 2000 до 2002 година играше за Ливерпул на повеќе од 50 натпревари и ги освои ФА-купот, Лига Купо, Купот на УЕФА и Суперкупот на Европа.