Легендите на Милан се враќаат на Сан Сиро!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека планот на генералниот директор на Росонерите Марко Фасоне е да ги врати во клубот Паоло Малдини и Деметрио Албертини.

Според сознанијата до кои дојде “Лего“ новата сопственичка структура на Милан на местото генерален директор ќе го постави Фасоне, а тој веќе ги контактираше Малдини и Албертини.

Тој е цврсто убеден дека враќањето на двајцата поранешни фудбалери од најславното време на клупската историја значително ќе подобри паднатиот имиџ на Росонерите.

Паоло Малдини, 25 години играше за Милан, освои се што можеше да се освои и играше најмногу натпревари за Росонерите (902) во историјата, откако ги закачи копачките на клин, од 2009 година, нема никакви допирни точки со клубот. Причината е неговата кавга со Адријано Галијани, но и со најекстремните навивачи.

Интересно, Малдини во текот на целата кариера, а и после беше диџеј на една локална радио станица.