„Л`Екип“: Јунајтед со очајни обиди да купи играч на Челси, а Евертон им ги расипува плановите!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преодниот рок во Англија влегува во својата завршница (денеска завршува во 18 часот), а Манчестер јунајтед уште бара засилувања.

Жозе Мурињо сака две засилувања, од кои едно ќе биде во дефанзивните редови, но очигледно од трансферите на Жером Боатен, Џери Мина или Хари Мегваер нема да биде ништо, па „црвените ѓаволи“ во последен момент се насочија на друга желба.

„Л`Екип“ пишува дека Манчестер јунајтед планира да го ангажира 23-годишниот француски стопер Курт Зума од Челси, кој не успеа да се избори за пласман во првата екипа.

Поради тоа, „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го купат Зума, но се верува дека Евертон ќе им направи проблеми и веќе испратил понуда за 23-годишниот стопер.

Да потсетиме, Зума работеше со Мурињо додека Португалцот го предводеше Челси, а сега останува да видиме дали конечно ќе се засили Јунајтед во дефанзивната линија.