Леон Горецка бира – Серија А или Премиер лига?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Шалке би можел да замине од БЛ во лето.

Еден од најинтересните фудбалери во летниот преоден рок ќе биде Горецка, фудбалерот на Шалке.

Тимот од БЛ нема многу успеси оваа сезона, па најверојатно Горецка ќе биде продаден на крајот на сезоната.

Нема никакви приказни за продолжување на договорот, а тоа е уште еден доказ дека тој би можел да замине од клубот.

Јувентус е заинтересиран за него, а го следи веќе долго време и е подготвен да понуди 30 милиони евра за него.

Цената ќе му падне како што се ближи до крајот на договорот, а интерес за него постои и од тимови од ПЛ.

Дури се споменуваше и Баерн Минхен во некои случаи.

Горецка има 22 години, а оваа сезона беше еден од најдобрите во дресот на Шалке.