Лео Меси доживеа вистинска драма во авионот на Аргентина

    Фудбалерите на Аргентина утре вечер го играат мечот од квалификациите за СП против селекцијата на Колумбија.

    Аргентина доживеа тежок пораз во четвртикот против Бразил, и оваа селекција се наоѓа во тешка ситуација во квалификациите.

    Гаучосите утре играат против Колумбија, а денеска доживееја права драма на летот кон Сан Хуан.

    Имено, одлучено е овој меч да го играат во Сан Хуан, а при летот на репрезентацијата на Аргентина, авионот се најде на силна турбуленција.

    Поради пад на притисокот во авионот мнофгумина играчи се разболеа, а на Лионел Меси дури мораше да му биде укажана лекарска помош.

    Сепак, добра вест за навивачите на Аргентина е што Меси се опорави после летот, и ќе биде спремен за дербито против Колумбија.