Лестер баш има нос, повторно има „Канте“ дали повторно ќе им го одведат?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Четири победи во низа после заминувањето на низа, сега веќе е помирно. Новиот Канте е тука, но веќе стигнуваат понуди…

Вилфред Ндиди постигна за викендов еден од головите на сезоната во Премиер лигата.

Играше одлично, не само против Сток веќе во серија мечеви каде што Лисиците побегнаа од долниот дом.

Нигериецот стигна во редовите на шампионот баш како замена за Канте, а интересно е дека одби понуди од Арсенал, Саутемптон и Хамбург.

Поради што?

Па, Лестер прв стигна до Ндиди уште пред 18 месеци.

„Никој не се интересираше за него, нашите скаути го пронајдоа во Генк, дури шест месеци после експлодираше“, велат од Лестер.

Тогаш стигнаа скаути од големите клубови, но тој сакаше во Лестер. Причината е јасна, во неговите години, а ги има 20, сака да игра.

Генк постави цена од 17 милиони евра, Лестер го плати во јануари, го зеде фудбалерот пред носот на Арсенал веќе во првиот ден од зимскиот преоден рок.

Меѓутоа, сега сега се плашат дека нема да успеат да го задржат, дека ќе бара повеќе пари и дека понудите ќе бидат големи за да ги одбие.

На крајот, треба да им се одддаде признание, повторно успееја да доведат играч чиј квалитет, пред или подоцна скапо ќе го наплатат.