Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипите на Лестер и Фулам забележаа срамни елиминации во третата рунда од ФА Купот откако беа поразени од Њупорт, односно Олдам.
Њупорт со 2:1 славеше против некогашниот шампион на Премиер лигата, а дека „Лисиците“ ќе се намачат видовме уште во 10. минута кога Мат го отвори резултатот. За втор погодок се чекаше до 82. минута кога Гезал израмни, но по само три минути Амонд го постави конечниот резултат.
Екипата на Фулам исто така претрпе шокантна елиминација од ФА Купот откако на „Кревин Котиџ“ беше поразена од тимот на Олдам. Гостинскиот тим со 2:1 го совлада тимот на Фулам, а избраниците на Клаудио Раниери пропуштија шанса барем да играат втор натпревар затоа што Митровиќ во финишот на средбата не реализираше пенал.
Манчестер Сити со високи 7:0 славеше против Ротерхем, додека Лидс на нашиот Езгјан Алиоски претрпе елиминација по поразот од Милвол.
Фулам- Олдам 1:2
Манчестер Сити- Ротерхем 7:0
Милвол- Хал 2:1
Престон- Донкастер 1:3
КПР- Лидс 2:1
Шефилд Јунајтед- Барнет 0:1
Вокинг- Вотфорд 0:2
Њупорт- Лестер 2:1