Лестер мора да се прости од Марез кој ќе се сели во гигант!

Марез ќе го напушти Лестер во летниот преоден рок.

Марез со Лестер минатата сезона освои шампионска титула, но и покрај големите понуди од англиските гиганти, тој одлучи да остане во тимот.

Веројатно со тоа направи грешка, затоа што Лестер се бори за опстанок оваа сезона, а и Марез не е на нивото од минатата сезона.

Сепак, тоа нема да му пречи да направи голем трансфер. Иако најчесто се поврзуваше со арсенал, по се изгледа дека тој е многу поблиску до Ливерпул.

Клоп го гледа како идеален играч за својот тим и сака да го донесе во свои редови.

Цената на Маре изнесува околу 30 милиони евра, а тоа за Ливерпул не е проблем и Марез од наредната сезона би можеле да го гледаме во дресот на англискиот гигант.