Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Комплетирано е осмина финалето на елитното натпреварување, паровите од 1/4 ќе бидат познати во петок, а еве ги сите кои ќе се најдат на ждребот за наредната фаза.
Вечерва со последните два дуели од 1/8 финалето ги одираа Монако и Сити, како и Атлетико Мадрид и Леверкузен.
Домаќините изборија пласман понатака, Кнежевците подобри од Граѓаните, додека Атлетико со мирни 0:0 го увери пласманот во наредната фаза.
Пред актуелните лидери во Лига 1 и четвртопласиран тим во шпанска Примера, меѓу осумте најдобри во Европа обезбедија и Барселона, Реал Мадрид, Баерн, Дортмунд, Јувентус и Лестер, и наредната фаза ќе биде несомнено многу интересна.
Реал во два пресликани дуели го исфрли Наполи, нешто слично и Баерн појде за рака против Арсенал, само „Баварците“ беа убедливи, додека Барселона помина после историски пресврт на својот стадион.
Дортмунд дома на Бенфика покажа „кој е газда“ и со „покер“ гостите ги испратија дома, додека Лестер после минусот од Андалузија , пласманот го обезбедија со победа над Кинг Пауер.
Јуве рутински го помина Порто, после двата гола предност од Португалија, дома славеа со минималец, ја сочуваа мрежата во двата дуели.
Чистата математика зборува дека фаворити се Монако и Барселона, кои во оваа сезона постигнаа најмногу голови во Европа, но далеку од тоа дека фудбалот е егзактна наука како математика.
Меѓу фаворитите спаѓаат и актуелните шампиони и лидери во Серија А и Бундеслигата Јувентус и Баерн, додека јасно е дека Реал е секогаш меѓу фаворитите, но тешко е да се замисли дека може да дојде до историска одбрана на трофејот.
Како апсолутен аутсајдер во наредната фаза влегува актуелниот шампион на Англија, екипата на Лестер, но тие се навикнаа да ги преживуваат сите очекувања, што зборува и нивниот пласман во 1/4 финалето.
Тука се уште и Дортмунд, кој игра одличен фудбал, но малку се зборува дека би било изненадување и да се пласираат и во полуфиналето, камоли да го освојат натпреварувањето, као и Атлетико Мадрид, кој бара спас на сезоната во ЛШ.
Кого судбината ќе спои во наредната фаза, ќе видиме во петок попладне, кои се фаворит според ваше мислење?