Лестер плаќа 30 милиони фунти за потписот на Елиф Елмас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Лестер сити, Брендан Роџерс се вклучи во борбата за потписот на македонскиот репрезентативец и фудбалер на Фенербахче, Елиф Елмас.

Тинејџерот привлече интерес од многу европски гиганти, меѓу кои се Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер сити и Тотнем, но очигледно „лисиците“ сакаат да го „украдат“ пред остантите клубови.

Лестер би морал многу да се потруди за македонскиот фудбалер, па најверојатно ќе треба да одвојат дури 30 милиони фунти за неговиот потпис.

Англиските медиуми пишуваат дека Роџерс освен за Елмас е заинтересиран и за неколку фудбалери од поранешниот клуб Ренџерс, а еден од нив е Алфредо Морелос, но сепак најпрво искусниот тренер ќе се обиде да го ангажира Елмас.