Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Фудбалерите на Стоук и Лестер ремизираа во седумнаесетото коло од ПЛ, 2:2.
Стартот на Џејми Варди во 28-ма минута беше санкциониран со црвен картон. Симпсон играше со рака во казнениот простор, а Бојан Кркиќ му донесе водство на Стоук. Во финишот на првото полувреме Ален по втор пат ја затресе мрежата на Стоук.
Улоа во второто полувреме погоди со глава за 2:1. Тука не беше крајот на возбудувањата бидејќи Амарти со глава во 88-ма минута донесе израмнување и бод за Лестер.
Во останатите натпревари Мидлзбро убедливо славеше против Свонси со 3:0, а Сандерленд и Вест Хем запишаа минимални победи.