Лејкерси ќе донесат една, можеби две ѕвезди?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите потези кои ги повлече генералниот менаџер на Лос Анџелес Лејкерс летово беа за да се ослободи место во селари кеп-от. Роб Пелинка сега излезе со објаснување зошто е тоа така.

 

“Меџик (Џонсон) и јас направивме неколку размени на играчи кои силно ќе влијаат на нашиот селари кеп во иднина. Со платформата која ја поставивме, сигурни сме дека во наредната сезона ќе имаме двојно повеќе плата која ќе можеме да ја понудиме на играчи. Во наредниот период ќе работиме на дефинирање на листата играчи кои би можеле да потпишат со Лејкерс.” – изјави Роб Пелинка.

“Целта е да доведеме една, или уште подобро, две суперѕвезди. Со тоа ќе го имаме совршениот склоп од искуство и млади играчи.” – додаде тој.

 

Навивачите се нестрпливи за повторно да посведочат компетитивен тим на Лејкерс, но оптимизмот е на високо ниво со новото раководство и со драфтувањето на Лонзо Бол, кој изгледа дека има потенцијал да биде суперѕвезда во НБА лигата.