Лејкерс повторно го победија Клиперс: Оклахома подобра од Минесота


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Лејкерс ги победија градските ривали на Клиперс со 111:102.

Долго Лејкерс чекаа победа во градското дерби. Последен пат победија на 30 октомври 2013 година, а потоа следеше доминација на Клиперс од 11 натпревари во кои победија.

Дури 7 играчи на Лејкерс постигнаа 2-цифрен број на поени. Мозгов и Јанг беа најдобри, со по 19 поени.

Оклахома на свој паркет ја победи Минесота со 112:100, а повторно доминираше Расел Вестбрук. Овој пат бекот на Оклахома постигна 31 поен, а постигна и 15 асистенции и 7 скокови.

Во последниот натпревар Сан Антонио победи без поголеми проблеми против Чикаго со 119:110, а Алдриџ со 33 поени и Леонард со 25 беа најдобри.