Ливерпул вчера донесе, денес продаде еден голман


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул од вчера се посилни со и официјално најскапиот голман во историјата на фудбалот, Алисон Бекер.

Само еден ден по неговото доаѓање на „Енфилд“ беше потврдено и заминувањето на третиот голман на клубот, Дени Ворд кој потпиша договор со Лестер.

Велшкиот интернационалец потпиша четиригодишен договор со некогашниот шампион во Премиер лигата, а во Лестер не доаѓа како замена за Шмајхел, туку како негова конкуренција меѓу стативите.