Ливерпул го означи како грешка, сега ќе го менува Гризман во Атлетико?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид, судејќи според се, се спрема пополека за продажба на Антоан Гризман.

Антоан Гризман, репрезентативец на Франција и човек кој е носител на играта на Атлетико Мадрид, најверојатно во ова лето ќе го напушти тој клуб, по извештаите на сите медиуми во Шпанија.

Многумина веќе и пронаоѓаат замена, а судејќи според пишувањето на Ас, алтернатива веќе се знае во Мадрид.

Тоа ќе биде Јаго Аспас, фудбалер, кој по многу статистички податоци е во самиот врв на шпанскиот фудбал.

Така, овој фудбалер на Селта постигна досега 13 голови во Примера, но по реализација е прв во ова натпреварување, бидејќи за тоа достигнување му требаа најмалку шутеви во рамките на голот.

По тој критериум, овој фудбалер е подобар од Меси, Роналдо, Суарез, Бензема…