Ливерпул има моќен напад, но Клоп сака уште една ѕвезда!?


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Ливерпул планира во јануари дополнително да се засилува, а Јирген Клоп веќе има една интересна идеја, која ќе се обиде да ја реализира наредната година.

Џоел Матип, Алекс Окслејд-Чемберлејн и Џо Гомез ќе мора да паузираат подолг период, па Клоп кажа дека не сака да испушти одлична шанса за да ја освои титулата во англиската Премиерлига.

„Многу сум среќен со ова што го имаме, но никогаш не се знае. Затоа сме секогаш активни на пазарот и ќе реагираме ако ни треба некој фудбалер“.

Наводно, „црвените“ ќе се откажат од Дивок Ориги и Даниел Стариџ, па Клоп сака да го ангажира Тимо Вернер од Лајпциг.

Инаку, Вернер сезонава игра фантастично, па постигна дури 14 голови во 25 натпревари.