Ливерпул сака нов фудбалер: Клоп најде засилување во Бундеслигата!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, си најде ново засилување за во јануари и тоа во Бундеслигата, односно во Хофенхајм.

Според „Експрес“, Клоп е заинтересиран за Керем Демирбеј и ќе се обиде да го ангажира 25-годишниот фудбалер уште во јануари.

Керем е важен дел од екипата на Хофенхајм и може да игра на повеќе позиции во средината на теренот.

Германски „Билд“ пишува дека Ливерпул веќе испратил скаути да го гледаат Демирбеј во ремито на Хофенхајм со Лион (3-3).

Ливерпул во моментов е на втората позиција во Премиерлигата, со само два бода негатива во однос на лидерот Манчестер сити.