Ливерпул троши, но и остварува профит: Трипати поголем профит од изминатата година…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Ливерпул соопшти денес дека оствариле неданочен профит од 125 милиони фунти.

Прометот пораснал за 90 милиони фунти, на 455 на крајот од работната година, 31. мај 2018. година, Претходниот профит изнесувал 40 милиони фунти.

Ливерпул добил 137 милиони фунти од трансфери, најмногу благодарение на продажбата на Фелипе Кутињо во јануари, а повеќе од 190 милиони фунти инвестирани во нови играчи.

Исто така, клубот заработил благодарение на добрите резултати во Лигата на шампионите изминатата сезона, кога играше во финалето.

Европската фудбалска унија, УЕФА објави изминатата сезона дека Ливерпул заработил 72 милиони фунти од учество во Лигата на шампионите.