Ливерпул целиот буџет ќе го троши на еден фудбалер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што Скај Спортс пренесува, целиот буџер за трансфери Редсите може да оди на адреса на еден бундеслигаш.

Јирген Клоп од управата за јануарскиот преоден рок доби 47 милиони евра.

Солидна сума на пари, за која секако може да се доведе квалитетни засилувања.

Сепак, британски Скај Спорт пренесува наводи на  германскиот Спорт Билд, дека Клоп целиот буџет ќе го потроши на еден фудбалер.

Клоп има намера да пазари во татковината, а на негов радар е репрезентативецот на Панцерите и голема надеж на германскиот фудбал Хулијан Брандт!

Фудбалерот на Леверкузен е се повеќе на цена во европските рамки, неколку гиганти внимателно го следат неговиот развој, а Клоп сега е спремен да го преземе во свои раце.

Се верува дека Леверкузен за својот фудбалер ќе бара онолку колку што соевремено Шалке бараше за Лирој Сане (50 милиони евра), што е за некој милион помалку од буџерот кој го доби Германецот од клупата на Редсите, но нема сомнеж дека некако ќе се договорат, доколку Ливерпул покаже желба за својот цел трансфер буџет да го уплати на сметка на Леверкузен.

Брант во оваа сезона запиша шест асистенции и два погодоци, на 16 настапи во Бундеслигата.

Во Лигата на шампионите настапи на секој меч на Леверкузен, кој пред Тотенхем и московска ЦСКА избори пласман во наредната фаза, а запиша младиот Бранд и еден погодок во елитното натпреварување.