Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека од таборот на Ливерпул започнале преговори со Бреша за услугите на 18 годишниот Сандро Тонали.
Тонали важи за еден од најперспективните играчи во Италија и веќе доби повик за сениорската репрезентација на Азурите.
Тинејџерот кој игра на позицијата последен играч за врска е проценет на околу 30 милиони фунти, а за него сериозен интерес има од Јувентус, Интер, Милан, Рома и Челси.
Сепак, се чини дека Ливерпул ќе ја добие битката за младиот фудбалер и во скоро време ќе го обезбеди неговиот потпис.