Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси нема да игра на пријателскиот натпревар помеѓу Мароко и Аргентина.
Меси во петокот играше во Мадрид на пријателскиот натпревар помеѓу Венецуела на кој Аргентина шокантно беше поразена со резултат од 3:1. Се очекуваше дека Меси ќе игра во Мароко каде неколку денови имало еуфорија за неговото доаѓање.
Меѓутоа, после мечот со Венецуела објавено е дека Меси има лесна повреда во делот на препоните и одлучено е дека нема да се ризикува, па така, тој нема да патува во Мароко и ќе се врати во Барселона.
Оваа вест ја „разбесни“ јавноста во Мароко бидејќи многу навивачи купиле влезници со цел на сцена да го видат Меси. Сепак, остануваат разочарани со објавата дека Меси воопшто нема да патува во Тангиер.
Дека Мароканците се бесни, покажува тоа што денеска објавиле соопштение во кое бараат од Аргентинската репрезентација детално да им објасни зошто Меси нема да игра. Едноставно не веруваат дека тој е повреден, тие се премногу разочарани од фактот дека тој воопште и нема да допатува во Мароко.