Лион одби богатство за 15-годишен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Француските медиуми денеска јавуваат дека Олимпик Лион одби една помалку неверојатна понуда и тоа од Австрија.

Имено, Ред Бул Салзбург проба да го доведе чудото на дете на Лион Виљем Геубелс, за кој нудеше пет милиони евра.

Ништо тука немаше да биде премногу необично ако Геубелс не е 15-годишен без никакво искуство во сениорскиот фудбал.

Но, очигледно се работи за талент од светски калибар поради тоа што Австријците понудиле толкав износ за него.

Во Лион, сепак, без размислување ја одбиле таа поуда бидејќи силно сакале да го задржат Геубелс, за кој интерес веќе покажаа Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.

Виљем Геубелс има само 15 години, но настапува за У-17 селекцијата на Лион и репрезентатицијата на Франција.