Лион преживеа на домашен терен, активен резултат пред реваншот во Каталонија


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


И во вториот натпревар од вечерашната програма во Лигата на шампионите гледачите не видоа погодок. Лион и Барселона одиграа интересен натпревар кој на крајот заврши без погодоци.

Како и што се очекуваше Барселона имаше повеќе од играта, а Меси два пати имаше шанса да го загрози голот на домаќините.

Сепак, најдобрата шанса на мечот ја имаше Лион уште во 10. минута кога Териер одлично шутираше, а Тер Штеген одбрани и топката од пречката се одби во корнер.