Липи: Во кариерата освоив се што сакам да освојам, но направив една грешка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италјански тренер Марчело Липи во разговор за Кориер дело Спорт изјави дека во неговата кариера има направено една грешка.

Липи за време на богатата кариера има освоено бројни трофеи, а посебно се издвојуваат Светско првенство, Лига на шампиони, Серија А и Куп на Италија.

Сепак тој порачува дека за време на неговата кариера направил една грешка која во продолжението на разговорот премина дури во три…

Имено, нему денес му е многу криво што си заминал после Мундијалот.

,,Освоив се за што сонував. Но, еднаш направив огромна грешка. Не требаше да си заминам од репрезентацијата и исто така не требаше да се вратам назад. Се вратив назад само од причина што ми беше криво бидејќи заминав после освојување на Мундијалот, така што направив не една туку две грешки.А третата ја направив во Африка. Касно сфатив дека некои играчи веќе дадоа се што имаа. Исто така бев малер и останав без Буфон и Пирло, а го имав само половина од Де Роси бидејќи тој тогаш имаше повред на листовите ”- рече Липи.

Потсетуваме, Италија на Мундијалот во Јужноафриканската Република излезе веќе после групната фаза