Ловрен доби закани по животот (ФОТО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец и член на Ливерпул, Дејан Ловрен, преку објава на својот Инстаграм профил откри дека тој и неговото семејство добиле смртни закани на социјалните мрежи.

Ловрен објави фотографија од приватна порака која ја примил, а во која неименувана личност му се заканува дека ќе му го убие целото семејство.

„Не можам да игнорирам кога ќе се закануваат на моето семејсто. Едноставно не можам и не го прифаќам тоа. Одвратно“- напиша Ловрен.