Лондонските екипи импресионирани на „Вембли“: Долга низа во трка за потписот на хрватскиот интернационалец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Хрватска ги импресионираше скаутите од Премиер лигата.

Хрватска на „Вембли“ загуби од Англија со 2:1 во последните моменти од мечот со погодокот на Хари Кејн, но вниманието кон себе го привлече и голманот на „Коцкестите“, Ловрен Калиниќ.

Голманот на Гент веќе со години нуди одлични партии во Белгија и тоа не остана незабележано.

Интер веќе повлече чекор, но се вмешаа и лондонските клубови.

Арсенал, Тотенхем, Вотфорд и Кристал Палас застанаа во ред за 28-годишниот Хрват, па нема сомнеж дека Англичаните се сега фаворити за негово доведување.

Калиниќ го зазеде местото на Данијел Шубачиќ на местото голман во репрезентацијата по Мундијалот во Русија и се чини дека ја оправда довербата кај Златко Далиќ.