Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот сопруг на Ванда Нара, Макси Лопез реши за едно радио да зборува за неа, Мауро Икарди и односот кој го има со нив.
Лопез вели дека речиси и не ги гледа своите деца, а дека последен пат тоа го направил пред неколку месеци и тоа само на неколку часа.
По тој повод Макси меѓу останатото порача дека Икарди заслужува подобар агент од Ванда, а исто така ги критикуваше затоа што имаат лош став и тешко му е да комуницира со нив.
„Мислам дека Ванда многу зборува за Италија. Многу е тешко да се преговара со директорите во Италија, отколку во Аргентина. Мислам дека новите директори мора да го наполнат егото на Ванда и начинот на која таа ги прави работите, а фактот е дека Икарди не игра во форма како минатите сезони. Мислам дека фудбалер со негови квалитети мора да добие услуги од квалитетен агент. Ванда и мене ми нудеше такви услуги, но јас ја одбив“. Вели Лопез.
Да потсетиме, Ванда и Лопез беа во брак пред да се вмеша во нивната врска Икарди, кој на крајот ја „украде“ згодната агентка, а со неа и децата.
Лопез минатоот лето се врати во Јужна Америка и во моментов настапува за Васко де Гама, а во текот на кариерата ги носеше уште дресовите на Барселона, Милан, Сампдорија…