Лопетеги: Да бидам тренер на Барселона? Па, јас веќе го водам најдобриот клуб!

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, одлично ја почна сезоната во Ла Лига, иако претходно загуби во Суперкупот.

Лопетги гостуваше во една шпанска емисија, а водителот реши да го праша дали некогаш би ја водел Барселона.

„Во моментов го тренирам најдобриот клуб во светот“, кажа Лопетеги.

Уште е рано за заклучоци за тоа како го предводи тимот, иако мора да се спомене дека во Ла Лига има три победи и гол-разлика од 10-2.

Инаку, Лопетеги претходно доби отказ од репрезентацијата на Шпанија, откако кажа дека сака да биде стратег на Реал.