Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Авантурата на Жулен Лопетеги на клупата на Реал Мадрид започна неславно откако „Кралевите“ вчера со 4:2 беа поразени од својот градски ривал, Атлетико Мадрид во Супер Купот на Европа.
Веднаш по натпреварот луѓето кои се занимаваат со статистика излегоа со два интересни статистички податоци. Истите веројатно ги знаат и сите фанови на Реал Мадрид, но по високиот пораз од Атлетико, станаа достапни на целата јавност.
Имено, Зинедин Зидан има неверојатен рекорд кога се работи за финалињата на кои играл Реал Мадрид. Французинот го предводел Реал на осум финалиња и исто толку пати освоил трофеи, што значи дека нема пораз во едно финале.
Згора на тоа Зинедин Зидан никогаш во изминатите две и пол години колку што беше на чело на Реал Мадрид не примил четири голови на еден натпревар. Токму тоа му се случи на Лопетеги на својата прва официјална средба на кормилото на „Кралскиот клуб“.