Лопетеги: Не се плашам од отказ… Рамос: Тоа би бил луд потег!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, кажа дека не се плаши од отказ по поразот од Алавес (1-0).

„Кралевите“ повторно ги разочараа своите навивачите, па стигнаа до третиот пораз во последните четири натпревари во сите натпреварувања.

За да биде уште повеќе очајно, Реал 319 минути ја нема затресено противниката мрежа.

Затоа се поставува прашањето дали Лопетеги треба да остане на тренерската позиција на клубот од Мадрид.

„Дали се плашам од отказ? Не мислам на тоа. Најлошо нешто што може да ни се случи е лидерот да ни побегне три бода“, кажа Лопетеги.

На целата ситуација во „кралскиот клуб“ коментар даде и капитенот Серхио Рамос.

„Би било лудо да му се даде отказ на Лопетеги во моментов и не треба да се направи тоа“, кажа Шпанецот.