Лопетеги откри каква ќе биде иднината на Модриќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ се поврзува во претходните денови со Интер, но тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги смета дека Хрватот ќе остане во екипата.

По големиот успех на Светското првенство во Русија со репрезентацијата, се поставува прашањето дали Модриќ ќе игра во Реал и наредната сезона или ќе премине во Интер.

„Претседателот го кажа своето, мислам дека немам многу да додадам на тоа. Модриќ е неверојатен играч и го очекувам со раширени раце. Ќе разговараме со Модриќ по успешното Светско првенство, го очекуваме на осми август, а ќе видиме дали ќе ни биде на располагање за првиот меч на 15. август“, кажа Лопетеги.