Лопетеги повторно станува селектор?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лопетеги на Сантијаго Бернабеу помина само четири месеци, а за тоа допринесоа лошите разултати кои Кралевите ги бележеа под неговото водство, а за нова работа Шпанецот нема долго да чека.

Имено, странски медиуми објавија дека 52-годишниот Лопетеги е главен кандидат за превземање на репрезентацијата на САД, која моментално ја води Дејв Сарачан, но само е привремено решение.

За Лопетеги нема да биде ништо ново, затоа што има искуство околу водење на фудбалска репрезентација, тој имаше прилика да ги води и младите категории на Шпанија, а освен Реал Мадрид, беше тренер на Рајо Ваљакано и Порто.

Наводно и Лопетеги изразил спремност да ја превземе селекцијата на САД, така да наскоро се очекува официјален договор.