Лопетеги призна: Моја е одговорноста за лошите натпревари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, смета дека не им оди добро во последно време, но дека ситуацијата е очајна покажуваат и резултатите.

Реал Мадрид во последните три натпревари не знае за победа и гол. Тие беа поразени од Севилја со 0-3, со Атлетико одиграа 0-0 и од ЦСКА загубија со 1-0.

„Не анализираме што мислат луѓето, фокусирани сме на нашата игра. Нормално дека постојат проблеми“, кажа тренерот.

Поразот од ЦСКА ги болеше навивачите бидејќи никој не го очекуваше.

„Заслуживме да ја победиме ЦСКА; но такви работи се случуваат. Имате шанси, но не ги користите“, објасни Лопетеги.

Шанса да се врати на победнички патеки Реал ќе има во сабота на гостувањето кај Алавес.

На прашањата на новинарите дали тој натпревар е финале за него, Лопетеги даде интересен одговор.

„За мене секој натпревар е финале. Така е кога сте тренер на Реал Мадрид“, кажа стратегот на „кралевите“.

Реал по седум натпревари е на второ место со 14 бодови, колку и лидерот Барселона.