Лопетеги: Честитки до Атлетико, разликата ја направија грешките!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги не можеше да биде задоволен по првиот натпревар на клупата на „кралевите“.

Реал беше поразен во европскиот Суперкуп од Атлетико Мадрид со 4-2 по продолженија, а Лопетеги по мечот кажа дека третиот гол сменил многу работи.

„Игравме добро во продолженијата, доминиравме против Атлетико, но играта се промени по третиот гол. Се создадоа проблеми кои се обидовме да ги решиме со различни решенија. На крајот можам да кажам дека разликата ја направија грешките. Атлетико не казни и мора да му честитам“, кажа Лопетеги.

Инаку, Реал Мадрид во првото коло во Ла Лига игра против Гетафе на свој терен и тоа во недела од 22.15 часот.