Лопетеги ја искористи репрезентативната пауза и најде засилување за Реал Мадрид?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, го искористи вишокот време за да поработи на засилувањата за наредната сезона.

Лопетеги летово го презема Реал, а неговото пристигнување во Мадрид предизвика скандал бидејќи се договори со „кралевите“, додека ја предводеше Шпанија.

Тренерската кариера во Реал ја почна со пораз во Суперкупот на Европа од Атлетико Мадрид, но потоа запиша три победи по ред во Ла Лига.

Летово го продаде Кристијано Роналдо на Јувентус, а притоа ангажираше неколку засилувања, меѓу кои беа Тибо Куртоа од Челси и Маријано Дијаз.

Сепак, Шпанецот смета дека може дополнително да го засили тимот, па имал веќе разговори со Ектор Ерера.

Мексиканецот има договор со Порто до крајот на сезоната, па Реал во јануари би можел да го ангажира за догодина и притоа да не плати ништо.

Ерара стигна во Порто во 2013. година и сега е време за нов предизвика, а токму Реал би била идеалната дестинација за него.