Лоренци, Кузњецов, Пуј и Клижан се пласираа во 1/4 финалето во Будимпешта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија четири осминафинални натпревари на АТП турнирот во Будимпешта.

Паоло Лоренци го совлада Серги Стаховски со 1:2 во сетови. Италијанецот првиот сет го доби, 4:6, Стаховски во вториот сет израмни, 6:3. Во одлучувачкиот сет Лоренци победи и се пласира во 1/4 финале, 3:6.

Андреј Кузњецов направи изненадување и го елиминира Фабио Фоњини, 1:2. Првиот сет го доби русинот, 3:6. Италијанецот возврати на ист начин во вториот сет, 6:3. Во тај-брејк во одлучувачкиот сет Кузњецов победи со 4:7, 6:7.

Лукас Пуј во три сета го победи Јири Весели, 2:1.Франузинот со 6:3 го доби првиот сет. Вториот сет беше за Весели, 4:6. Патникот во 1/4 финале се решаваше во тај-брејк каде подобар беше Пуј, 7:4, 7:6.

Мартин Клижан лесно стигна до победа против Бојан Фратангело, 2:0. Словакот на американецот му дозволи да освои само пет гема, 6:3, 6:2.

Четвртфинални натпревари:

Бедене – Карловиќ

Џере – Вердаско

Пуј – Клижан

Кузњецов – Лоренци