Лоренцо смее да го тестира Дукати, а Вињалес Јамаха


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Лоренцо и Вињалес ќе го тестираат Дукати, односно Јамаха на тестирањето по завршување на сезоната во Валенсија.

    Вињалес во четвртокот изјави дека добил дозвола од Сузуки, својот сегашен тим и дека ќе биде од голема помош при адаптирањето на Јамаха.

    „Кога потпишав договор, јасно ми беше ставено до знаење дека можам да ја возам Јамаха на тестирањата. На тој начин можам полесно да се прилагодам.“

    Тестирањата на патеката „Рикардо Тормо“ ќе бидат по последната трка во Мото ГП, која се вози на 13-ти ноември. На истите тестирања, Лоренцо ќе дебитира во Дукати.

    Во неговиот случај, Лоренцо и Јамаха преговараат како ќе изгледа опремата на шпанскиот возач, како и неговиот мотор.

    Од друга страна, Јаноне ќе има шанса да го тестира Сузуки, исто како и Алекс Ринс, кој ќе дебитира во кралската класа. Еспаргаро ќе ја тестира Априлија, а неговиот помлад брат, Пол КТМ.