Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Центарот на Оклахома, Стивен Адамс се повреди на натпреварот против Реал Мадрид.
На три минути пред крајот на првото полувреме, 23-годишниот кошаркар по постигнат кош лошо згазна и го измести десниот зглоб.
Адамс веднаш го напушти теренот и замина во соблекувалната, а во второто полувреме не се врати на паркетот.
Колку е сериозна повредата ќе се дознае по деталните прегледи.
Реал Мадрид победи во тој натпревар со 142:137.















