Лоши вести од Ибица: Легендарниот Роналдо завршил во Болница


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Луис Назарио Де Лима Роналдо се наоѓа на одмор во шпанска Ибица.

Бразилецот во ова туристичко место има куќа и таму го минува поголемиот дел од летото. Денес, за жал се нашол во незгодна ситуација затоа што морал да заврши во болница.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Роналдо добил воспаление на белите дробови и во лоша состојба бил примен во болницата во Ибица.

Бразилецот моментално се наоѓа во една од приватните клиники каде заздравува од воспалението. Уште не е познато кога ќе излезе од болница, но најважно е што неговото здравје драстично се  подобрило.